П.З.У. „Цитадела“ ги нуди следниве услуги
- Дијагностичка гастроскопија со биопсија (снимање на желудник)
- Дијагностичка колоноскопија со биопсија (снимање на дебело црево)
- ЕХО томографија на сите абдоминални органи и урогенитален тракт
- Интернистички прегледи со ЕКГ
- Прегледи и консултации за регулирање на шеќерна болест
- Други прегледи од областа на интерната медицина
Во соработка со специјалната болница „Филип Втори“ ги нудиме услуги:
- Сите постоперативни контроли на пациенти оперирани во „Филип Втори” и во други кардиохируршки институции.
- Кардиоваскуларни проценки - општ физикален и ехокардиографски преглед на пациенти со болести на кардиоваскуларниот систем како коронарна артериска болест и ангина пекторис.
- Проценки на пациенти со стекнати и вродени болести на залистоците на срцето кај возрасни пациенти.
- Постоперативни контроли на деца и возрасни пациенти со вродени срцеви маани оперирани во детска возраст во други центри.
- Прегледи на деца со вродени срцеви маани и срцеви шумови.
- Доплер (ултразвук) на магистрални артерии за откривање на циркулаторни болести на периферните артерии или стеснувања на главните артерии на мозокот кои доведуваат до појава на мозочен удар.
